ВАЛЕНТИН  КРАСНОГОРОВ

 

 

 

 

 

 

 

АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТO

Превод од руски и режија: Александра Кардалевска

 

Gет театарски раскази

 

 

 

 

Contacts:

Valentin Krasnogorov:

WhatsApp/Telegram   +7-951-689-3-689

Tel.    (972)-53-527-4146, (972) 53-52-741-42

e-mail:        valentin.krasnogorov@gmail.com         

Cайт: http://krasnogorov.com/

Александра Кардалевска

teatarkomedija@gmail.com  

 

 

 

 

 

 

 

НТ Театар Комедија

Скопје 2021


 

 

 

1. ДА ПРЕЖИВЕЕМЕ ДО ЗАДУТРЕ

Обична соба во обична куќа. До каучот има шкавче со телефон. На подот и на столовите се тркалаат кутии, пакети, алишта и други слични нешта. Тој и Таа се бакнуваат.

Таа:    Убаво ли ти е со мене?

Тој:     Да.

Таа:    Многу?

Тој:     Многу.

Таа:    И на мене. Дури не ми се верува дека е возможно сево ова.

Нов бакнеж кој трае. Телефонот ѕвони. Таа, без да погледне, ја крева слушалката, па брзо ја спушта. Телефонот одново ѕвони. Таа го гледа телефонот со омраза.

Таа:    Преку глава ми е. Цел ден не престана да ѕвони.

Тој:     Исклучи го.

Таа:    Знаеш дека не може. (Ја крева слушалката) Ало? Мамо, нели ти кажав – никакви гости. Не сакам и толку. На крајот на краиштата, кој се мажи – јас или ти? (Ја спушта слушалката) Ги мразам тие глупави обичаи. Кумови, автомобили, фотографии, шампањи, прстени, купишта непознати луѓе – апсолутна простотија, нели?

Тој:     Така е.

Таа:    Свадбата е нешто што треба да засега само двајца, нели?

Тој:     Така е.

Таа:    Сепак мора да се издржи.

Тој:     И на крајот на краиштата, гостите не се најважното нешто.

Таа:    Да. (Го прегрнува) Ме сакаш ли?

Тој:     Те сакам.

Таа:    Колку ме сакаш?

Тој:     Многу.

Таа:    И јас.

Долг бакнеж. Телефонот повторно ѕвони.

Тој:     Исклучи го, да му се сневиди.

Таа:    Не може денес, знаеш и сам. (Ја крева слушалката) Ало! Да, тето. Не, оди ти, не ми е до продавници. Многу сум зафатена. Треба да завршам еден куп работи. Те молам, немам времe. (Ја спушта слушалката) Дојди кај мене.

Тој:     Прво исклучи го телефонот.

Таа:    Нели ти кажав, денес не може. Ќе ме бараат многу луѓе.

Тој:     Баш затоа!

Таа:    Добро, исклучи го ти.

Тој:     Нов кауч а?

Таа:    Дури сега забележа?

Тој:     Не, зошто? Забележав уште кога влегов.

Таа:    Утрово го донесоа. Не ти се допаѓа?

Тој:     Зошто да не ми се допаѓа, убав е. Многу е убав.

Таа:    Гледаш некако чудно.

Тој:     Нормално гледам.

Таа:    Стариот беше премногу тесен.

Тој:     Да, во право си.

Таа:    На овој е поудобно, нели?

Тој:     Така е. А каде е стариот?

Таа:    Во собата на Мама.  Престани да се муртиш и дојди кај мене.

Тој:     Како изгледа мајка ти?

Таа:    Многу е убава.

Тој:     Значи, ти на неа личиш.

Таа:    Не.

Тој:     Ама и ти си многу убава.

Таа:    Така ли?

Тој:     (Ја прегрнува) Луд сум по тебе. Вчера вечер не склопив око - непрестано си замислував како со тебе...

Телефонот ѕвони.

Таа:    Нели те замолив да го исклучиш?

Тој:     Па, не мора да кренеш.

Таа:    Сега веќе мора да кренам. (Во слушалката)  Ало! Да. Благодарам, благодарам. Благодарам. Да, фустанот е готов. Благодарам. Довидување. (Ја спушта слушалката.) Само да ме поздрават.

Тој:     Се сетив на нешто. Не сум те видел во венчаницата.

Таа:    Сакаш да ја пробам?

Тој:     Се разбира. Заедно со алката.

Таа:    Добро. (Скокнува, ја става алката и ја покажува раката) Ти се допаѓа?

Тој:     Не е премногу дебела?

Таа:    Сега такви се носат.

Тој:     Штом се носат такви, тогаш носи и ти!

Таа:    Не ти се допаѓа?

Тој:     Ми се допаѓа. На крај краева, прстенот не е најважното нешто.

Таа:    А сега фустанот. (Внимателно ја облекува венчаницата) Како изгледа, а?

Тој:     Волшебно.

Таа:    А од позади?

Тој:     Волшебно.

Таа:    Добро е што не е сосем бела, нели?

Тој:     Да.

Таа:    Ќе можам да си ја носам и во други прилики после тоа.

Тој:     Може да те прегрнам?

Таа:    Немој, ќе ја смачкаш.

Тој:     Ќе бидам внимателен.

Таа:    Чекај да ја соблечам. (Ја соблекува венчаницата, ги симнува чевлите) Сега можеш да ме прегрнеш.

Тој:     Тргни ја и алката.

Таа ја трга алката. Тој огнено ја прегрнува. Звони телефонот.

Тој:     Телефонов ме полудува. Постојано ѕвони.

Таа:    (Во слушалката) Ало! Мамо, ќе сварам, се разбира, ако престанеш да ми ѕвониш. Немам време, се скапав од работа, а ти цело време ми досадуваш. (Ја сушта слушалката.)

Тој:     Меѓу другото, кога е регистрацијата?

Таа:    Па, утре нели знаеш.

Тој:     Мислев во колку часот.

Таа:    Во три. Зошто?

Тој:     Онака.

Таа:    Навистина, треба да се фатам за работа. Нема да имам време.

Тој:     Дај ми прво да каснам нешто.

Таа:    Огладне?

Тој:     Не. Едноставно, обожувам кога ме храниш.

Таа:    (Цвета од радост) Навистина?

Тој:     Навистина.

Таа:    Седи.

            Тој седнува на масата. Таа го наметнува пењуарот и му сервира.

Таа:    Зошто ме гледаш?

Тој:     Ти се восхитувам.

Таа:    Како мислиш?

Тој:     Движењата ти се нежни и елегантни.

Таа:    Не зборувај глупости.

Тој:     Обожувам кога правиш нешто за мене.             

Таа:    А јас обожувам да правам работи за тебе.

Тој:     Може да те бакнам?

Таа:     Јади сега.

Тој:     Знаеш кога ми е најубаво со тебе?

Таа:    Кога сме таму, нели? (Ја покажува софата.)

Тој:     Не. Кога се грижиш за мене. Но, и таму исто така.

Таа:    А мене – кога се шетаме и ми раскажуваш разни работи.

Тој:     А таму? (Со главата покажува кон леглото)

Таа:    За таму, просто немам зборови.

            Телефонот ѕвони. Таа ја крева слушалката.

Таа:    Ало! Да, најмил... многу сум зафатена. Ги местам завесите. Треба да ги закачам, да ги зашијам... до гуша сум зафатена. Те бакнувам. (Ја остава слушалката.)

Тој:     Да не ти пречам додека разговараш?

Таа:    Не.

Тој:     Можам да отидам во кујна.

Таа:    Глупости. Подобро да го исклучам телефонот. (Го исклучува.) Вкусно ли ти е?

Тој:     Многу.

Таа:    Да ти сипам уште?

Тој:     Сипи ми.

Таа:    (Му сипа ушште една чинија) Јас навистина треба да се фатам за работа со завесите.

Тој:     Не можеш да ги одложиш за подоцна?

Таа:    Како инаку ќе објаснам што сум правела цел ден?

Тој:     Тоа е навистина работа за цел ден.

Таа:    За десетина минути сум готова. (Ги разгледува завесите)

Тој:     Колку брзо работиш.

Таа:    Јас сѐ правам брзо. Ти се допаѓаат завесите?

Тој:     Заедно ги избравте?

Таа:    Да.

Тој:     Материјалот е пријатен.

Таа:    Одговара на тапетите, нели?

Тој:     (Ги посматра ѕидовите) Вчера ги немаше овие тапети.

Таа:    Вчера вечер ги поставивме. Ти се допаѓаат?

Тој:     Одлични тапети. Тој веќе тука живее?

Таа:    Сеуште не. Ти посакуваш веќе да се преселил, така ли?

Тој:     Јас ништо не посакувам. А кошулата зошто му е тука?

Таа:    Му ја купив вчера. Ти се допаѓа?

Тој:     Многу убава кошула, но мене ми се допаѓаат посветли бои.

Таа:    Му купив и посветла. Треба да му купам и гаќи, но не се разбирам во машка долна облека. Ти имаш разбирање на таа тема, нели?

Тој:     Па, горе-долу.

Таа:    Можеш ли да ми купиш два комплета, ама да удираат на кремаво?

Тој:     Се разбира. Кој број носи?

Таа:    Малку е покрупен од тебе, но ќе се погрижам да ослаби. Ќе го хранам строго со зеленчук.

Тој:     Ти ќе бидеш грижлива сопруга.

Таа:    Лошо е тоа?

Тој:     Не, напротив.

Таа:    Јади.

Тој:     Јадам. Ова за него ли беше приготвено?

Таа:    За него ќе готвам од утре.

Тој:     А што ќе правите утре?

Таа:    Јади.

Тој:     Јадам.

Таа:    Ногарките на каучот се клатат, можеш ли да ги наместиш?

Тој:     Ќе пробам, дај ми шрафцигер.

Таа:    Прво најади се.

Тој:     Веќе завршив. Многу беше вкусно.

Таа:    Сакаш кафе?

Тој:     Прво да го поправам каучот.

Таа:    Јас за тоа време ќе направам кафе.

            Му ги подава алатите, го вклучува чајникот и повторно почнува да шие.

Таа:    И, како е?

Тој:     Ги приклештив.

Таа:    Толку брзо?

Тој:     Затегнав само неколку шрафа. Готово.

            Таа се приближува до каучот и пробува дали се клати.

Таа:    Стабилно е. Браво.

Тој:     Сакаш да го пробаме?

Таа:    Немам вребе. Треба да ги закачам завесите.

Тој:     Прво кафето.

Таа:    Се разбира.(Става чај и му ја приближува чинијата со слатки) Повели.

Тој:     Што е тоа?

Таа:    Штрудли.

Тој:     Сама ги направи?

Таа:    За тебе.

            Тој зема една штрудла.

Таа:    Ти се допаѓа ли?

Тој:     Многу.

Таа:    Навистина?

Тој:     Навистина. Ти имаш златни раце. Ги обожувам лудо.

Таа:    Само нив ли?

Тој:     И сѐ останато на тебе. 

Таа:    Земи ги сите слатки, ќе ти ги завиткам.

Тој:     Немој. Нема како да ги однесам дома.

Таа:    Тогаш, сакаш ли да ти го дадам рецептот?

Тој:     Зошто ми е?

Таа:    Ќе ѝ го дадеш на жена ти.

Тој:     Таа не сака да готви.

Таа:    Жално.

Тој:     И мене ми е жал.

Таа:    (Му ја подава завесата) Фати го тој крај.

Тој:     Зошто?

Таа:    Ќе ја закачиме.

            Двајцата  се качуваат на столовите и ја закачуваат завесата.

Тој:     Долната облека заедно ќе му ја купуваме или да одам сам?

Таа:    Подобро заедно.

Тој:     Тогаш, ќе ми помогнеш да изберам  чанта за жена ми.

Таа:    Значи има потреба од чанта, така ли?

Тој:     Треба да ѝ земам подарок.

Таа:    Има повод?

Тој:     Роденден.

Таа:    А каква сака – за секој ден или за посебни пригоди?

Тој:     Не знам.

Таа:    А која боја ја сака?

Тој:     Не знам.

Таа:    Тогаш ќе изберам по мој вкус.

Тој:     Благодарам.

Таа:    Можеш да се симнеш. Ќе довршам сама. Таа убава ли е?

Тој:     Да.

Таа:    А паметна е?

Тој:     Да.

Таа:    А ти ја сакаш?

Тој:     Не.

Таа:    Зошто?

Тој:     Долга историја.

Таа:    А мене?

Тој:     Те сакам.

Таа:    Колку ме сакаш?

Тој:     Многу-многу-многу.

Таа:    Зошто ме сакаш?

Тој:     Не знам.

Таа:    Не ми звучи баш најдобро.

Тој:     Но, затоа е вистинито.

Таа:    (Се симнува од столот) Толку беше. (Ги повлекува завесите и ги набљудува) Ти се допаѓаат?

Тој:     Одлични завеси.

Таа:    Собата веднаш доби нов лик, нели?

Тој:     Точно.

Таа:    (Го бакнува) Ти благодарам, најмил мој.

Тој:     Таман работа. Одамна се гледате?

Таа:    Околу две години. Ти многу ми помогна.

Тој:     Таман работа. Не разбирам, како може толку долго да живеел без тебе.

Таа:    Мислиш, му било тешко?

Тој:     Јас, на пример, не можам ни еден час без тебе.

Таа:    Затоа што се познаваме едвај една недела. За две години би можел да се навикнеш да тераш и без мене.

Тој:     Нема шанси.

Таа:    Ако треба да бидеме искрени – јас не брзав.

Тој:     Можеби е подобро и сега да не брзаш?

Таа:    Не знам.

Тој:     Одлични завеси.

Таа:    Тоа веќе го кажа.

Тој:     Во целост, мислам, собата стана многу пријатна. Само не разбирам што бара тој фрижидер тука.

Таа:    Подарок за свадбата.

Тој:     А зошто не е во кујната?

Таа:    Нема место. Таму е фрижидерот на мајка ми.

Тој:     А што има во тие кутии? Подароци?

Таа:    Да. Што ти стана?

Тој:     Ништо.

Таа:    Гледаш некако чудно.

Тој:     Нормално гледам.

Таа:    Сакаш да ги видиш подароците?

Тој:     Се разбира.

Таа:    Тоа сигурно е сервис. (Ја отвора кутијата) Да, сервис е. (Вади една чинија) Како ти се чини?

Тој:     Одличен е. Меѓудругото, сѐ заборавам да те прашам – Зошто се мажиш?

Таа:    Види каква чинија.

Тој:     Одличен порцелан.

Таа:    Дански. Ти не знаеш зошто се земаат луѓето?

Тој:     Мислам бидејќи се сакаат.

Таа:    Ти од љубов се ожени?

Тој:     Се разбира.

Таа:    И каков е резултатот?

Тој:     Одлина чинија. А во таа кутија што има?

Таа:    Кукла.

Тој:     Не можам да поднесам кога луѓето подаруваат кукли по свадби.

Таа:    И јас. Но, оваа кукла е вистинско чудо. (Ја вади од кутијата.)

Тој:     Всушност зошто се мажат луѓето?

Таа:    За да си имаат маж и деца. Види ја само колку е убава.

Тој:     Одлична кукла. Ти сакаш да имаш деца?

Таа:    Се разбира дека сакам.

Тој:     Од него или воопшто.

Таа:    Види, ги отвора очите и вели Мама.

Тој:     Одлична кукла. Те прашав од него сакаш да имаш деца или така општо речено.

Таа:    Ни едното, ни другото.

Тој:     А од кого?

Таа:    Ај, погоди.

Тој:     (Одеднаш се сеќава) Ти не си нормална.

Таа:    Се разбира дека не сум нормална.

Тој:     И токму затоа те обожавам, те обожавам лудо.

Таа:    А јас – тебе. Тоа е прибор за јадење. Вилушки, лажици, ножеви...

Тој:     Многу практично. Сега ќе ти кажам една стара вистина...

Таа:    И престилка за готвење – како бонус.

Тој:     Одлична престилка. Не е добро да се мажиш без љубов.

Таа:    Зошто без љубов. Тој ме сака.

Тој:     Тоа нема никакво значење.

Таа:    Токму тоа има најголемо значење.

Тој:     Не се поврзувај со туѓ човек.

Таа:    Зошто туѓ? Тој ми е многу близок.

Тој:     Како роден брат?

Таа:    Како маж. Со него живеам веќе две години.

Тој:     Нема да бидеш среќна со него.

Таа:    Да не те сретнев тебе, ќе бев.

Тој:     Ти го сакаш него?

Таа:    Тој е вистинскиот избор за мене.

Тој:     Ти го сакаш него?

Таа:    Јас те сакам тебе.

            Пауза. Таа бесцелно ги прередува кутиите.

Тој:     Ќе престанеш ли да ги местиш тие кутии?

Таа:    Извини, јас така махинално. (Му подава една слика во рамка)

Тој:     Уште еден подарок?

Таа:    Да. Ќе ја закачиш на ѕидот, мислам, ако не ти е тешко?

Тој:     Значи утре вечер ќе спиеш со него?

Таа:    Да.

Тој:     И сите други ноќи – исто?

Таа:    Да.

Тој:     Тоа е одвратно и гнасно.

Таа:    А ти што предлагаш?

Тој:     Ништо. (Ја закачува сликата) Види дали е рамно.

Таа:    Подигни малку на левата страна. Така, добро е. Да речеме дека не се мажам. И што тогаш?

Тој:     Не знам.

Таа:    Еве, на крајот на краиштата, ќе направам така како што ќе кажеш ти.

Тој:     Треба сама да решиш.

Таа:    Во тој случај, веќе сум решила.

Тој:     Одлично.

Таа:    Сликата не е лоша нели?

Тој:     Одлична е.

Таа:    Подобро тргни ја.

Тој:     Зошто?

Таа:    Те молам.

            Тој ја симнува сликата.

Таа:    А сега ајде да ја тргнеме и завесата.

Тој:     Зошто?

Таа:    Така треба. Просто заборавив дека ние нема да живееме во оваа соба.

Тој:     Кој ние?

Таа:    Ни ти, ни јас.

Тој:     А зошто ти не?

Таа:    Мајка ми не сака ние да живееме тука.

Тој:     Тој не ја сака мајка ти, или таа - него?

Таа:    Ти разбираш ли дека мајка ми е многу свесен човек...

Тој:     А тој?

Таа:    И тој е добар човек.

Тој:     И тие добри луѓе не сакаат да живеат заедно.

Таа:    Да. И јас сакам да живеам одделно. А ти како би ме посоветувал?

Тој:     Да се одделите.

Таа:    Ќе ми помогнеш ли да најдам стан?

Тој:     Се разбира. А зошто не побарате заедно?

Таа:    Многу е непрактичен.

Тој:     И јас сум непрактичен.

Таа:    Ми откажуваш?

Тој:     Не.

Таа:    Твојата свекрва живее одделно или со вас?

Тој:     Одделно.

Таа:    И какви ти се односите со неа?

Тој:     Добри.

Таа:    А со жена ти?

Тој:     И со неа исто.

Таа:    И со неа ли живеете одделно?

Тој:     Не, заедно.

Таа:    Жално.

Тој:     И јас жалам.

            Пауза.

Таа:    Треба да раскревам. Мама наскоро ќе си дојде.

Тој:     Веќе?

Таа:    (Уморно) Колку брзо помина денов.

Тој:     Да.

Таа:    Каде сега да ги складирам сите овие кутии?

Тој:     Зошто го криеш телефонот во фрижидер?

Таа:    Не знам, без да сакам.

Тој:     Одамна нема ѕвонето.

Таа:    Ох, заборавив да го вклучам.

            Штом го вклучува контактот, телефонот веднаш ѕвони. Таа ја крева слушалката.

Таа:    Да. Да, најмил мој. Не, денес не доаѓај. Многу сум уморна. Не се лути, цел живот е пред нас. Не, никако. Не оди на фризер, ќе те направат како мајмун. Добро тогаш, дојди приквечер јас ќе те потстрижам. (Ја спушта слушалката.)

Тој:     Ти ќе го шишаш?

Таа:    Да. Има нешто лошо во тоа?

Тој:     Не, напротив.

Таа:    Што ти стана, најмил мој?

Тој:     Ништо.

Таа:    Гласот ти е некако чуден.

Тој:     Ништо не му е на гласот. Сега разбрав, ни се јавуваш на еден и ист начин.

Таа:    Напротив! Него го викам најмил мој, а тебе – најмил мој.

Тој:     Тоа е едно и исто.

Таа:    Ништо не разбираш.

Тој:     Порано сметав дека е глупаво да бидеш љубоморен на сопругот или сопругата.

Таа:    А сега?

Тој:     И сега го сметам истото.

Таа:    Значи не му љубомориш.

Тој:     Му љубоморам. Но, тој сеуште не ти е маж.

Таа:    Значи утре ќе престанеш да бидеш љубоморен?

Тој:     Кога одите во кревет обично?

Таа:    Сеуште не одиме во кревет обично.

Тој:     А утре?

Таа:    (Ги крева рамената) Кон единаесет. 

Тој:     Во единаесет и пет ќе ти заѕвонам и ќе ти зборувам два часа.

Таа:    Добро е што ме предупреди. Ќе го исклучам телефонот.

Тој:     Ќе ја потпалам куќата.

Таа:    Ќе викнам пожарна.

Тој:     Не се шегувам.

Таа:    И јас исто.

Тој:     А ти љубоморна си ѝ на жена ми.

Таа:    Не. Пази, тоа е сервисот.

            Тој ја треснува кутијата од подот.

Таа:    Што ти стана?

Тој:     Сѐ ќе искршам на парчиња! Ти немаш ни трошка душа. Нема да ме зачуди ако ме пратиш во аптека да ви купам...

Таа:    Што да ни купиш?

Тој:     Ништо.

Таа:    Не разбирам зошто се лутиш.

Тој:     Не можам да те поднесам.

Таа:    Знам, најмил мој.

Тој:     Не ме викај најмил мој!

Таа:    Добро.

Тој:     Знаеш што си ти?

Таа:    Не знам.

Тој:     Ти си една ладна и пресметлива курва.

Таа:    Тоа – знам.

Тој:     Не поднесувам курви.

Таа:    И тоа – знам.

Тој:     Ти имаш една, единствена цел – да не останеш без маж.

Таа:    Ти сакаш да останам без маж?

Тој:     Јас не сакам ништо. Но, знаеш што e најсмешно? Tи изгледаш презадоволна од таа свадба.

            Таа молчи.

Тој:     Колку напор само вложуваш да изградиш пријатен дом за твојот сопруг, а нашето гнездо – фрли го на улица. Јас не сакам и не можам да се задоволам со нечии трошки.

Таа молчи.

Тој:     Маж ти ќе биде подстрижен како англиска ливада, а јас... Зошто молчиш, а?!

Таа:    Тој јазол не може да се одврзе со зборови.

Тој:     Ти ја имаш најсилната карта во џеб. Зошто не ја искористиш?

Таа:    Јас не играм покер со тебе.

Тој:     Кажи ми, бидејќи сум женет - ти немаш друг избор.

Таа:    Зошто?

Тој:     Кажи ми, штом јас спијам со жена ми, ти исто така имаш право да спиеш со својот маж.

Таа:    Зошто?

Тој:     Згази ме по жуљот. Слободно,  ајде, згази ме.

Таа:    Не сакам да те боли.                        

Тој:     Зошто не кажеш дека сакаш да се разведам, а?

Таа:    Ти сакаш ли да кажам такво нешто?

Тој:     Јас ништо не сакам!

Таа:    (После пауза) Жално е што не сакаш ништо.

Тој:     Цел ден чекав да кажеш дека не издржуваш повеќе, чекав да кажеш подобро да останам сама.

Таа:    И што тогаш?

Тој:     И тогаш ќе пресечев со сѐ. Но, тебе не ти паѓа ни на крај памет. Сѐ едно ти е дали ќе бидеш со мене или со некој друг. Така ли е?

Таа:    Можеби е така.

Тој:     Јас не би се поколебал да го напуштам семејството заради жената на која што целиот свет - сум јас, само јас. Но, ти не се решаваш да ја одложиш свадбата. Дури ни за еден ден.

Таа:    Знаеш дека сум спремна веднаш да се разделам од него.

Тој:     Да, ако веднаш добиеш гаранција за поквалитетна роба.

Таа:    Но, најмил мој...

Тој:     Не ме викај најмил мој.

Таа:    Зошто?

Тој:     Зошто си ми одвратна.

Таа:    Знам.

Тој:     Ти си најпроста уличарка.

Таа:    Знам.

Тој:     А јас не затворив око цела вечер, еј! Ќе се угушев од љубомора.

Таа:    Ти да не мислиш дека јас сум некоја хероина или ангел небесен?

Тој:     Ништо не мислам.

Таа:    Толку е просто. Една недела пред свадбата разбрав што е тоа љубов и како е да си со вистински маж. Но тој маж не може да биде мој. Збунета сум.

            Тој молчи.

Таа:    Уште колку време имаме? Неколку дена? Или неколку минути?

            Тој молчи.

Таа:    А пред мене е целиот живот. Но, без тебе. Треба јас да помислам како ќе живеам од тука, па натаму. Кој, ако не јас?

            Тој молчи.

Таа:    Прстените се купени, венчаницата е сошиена, роднините пристигнаа... Јас самата повеќе не можам да се сопрам. И не знам ти што сакаш. Помогни ми.

            Тој молчи.

Таа:    Зошто молчиш?

Тоj:     Си мислам колку убаво би можело да ни биде.

Таа:    (Со горчина) Да.

Тој:     Ќе се навикнеме да прегрнуваме без да љубиме.

Таа:    Да.

Тој:     И така ќе си умреме.

Таа:    Жал ти е што се сретнавме?

Тој:     Не, а на тебе?

Таа:    Не ми е.

Тој:     Јас тебе многу те сакам.

Таа:    Знам.

Тој:     Што ќе правиме?

Таа:    Сега ќе се прибере мајка ми, време е да си одиш.

Тој:     Што ќе решиш?

Таа:    Ништо.

Тој:     (Застанува) Довидување.

Таа:    Чекај! Уште малку, уште една минута.

            Пауза.

Таа:    Не ми се лутиш што те замолив да ми помогнеш?

Тој:     Не се лутам.

Таа:    Многу ми се допаѓа кога правам нешто заедно со тебе.

Тој:     И на мене.

Таа:    За цело време си мислев дека го правам сево ова за нас.

Тој:     Не знаев.

Таа:    Збогум, најмил мој.

Тој:     Нема ли да се гледаме повеќе?

Таа:    Мислиш дека би имало некаква смисла?

Тој:     Сигурно не.

Таа:    Уште една средба нема ништо да реши, ниту да помогне.

Тој:     Така е.

Таа:    Вреди ли тогаш?

Тој:     Се разбира дека не вреди. Но, јас не можам без тебе.

Таа:    И јас не можам.

Тој:     Значи до утре?

Таа:    До утре. Не! Чекај, не може утре. Утре се мажам.

Тој:     Тогаш задутре.

Таа:    Добро.

Тој:     Ќе можеш ли?

Таа:    Ќе измислам нешто. Ме сакаш ли?

Тој:     Те сакам.

Таа:    И јас. Што си мислиш сега?

Тој:     Разни работи.

Таа:    А јас само за едно мислам.

Тој:     За што?

Таа:    Како да преживеам до задутре.

 


 

2. ШАРМ  ЕЛ ШВАЛЕРАЈ

Обичен стан во обична зграда. Тој нервозно чекори по собата, гледа во часовникот, очигледно е дека очекува некого со нетрпение. Се слуша тропање на влезната врата. Таа упаѓа во собата. Облечена е во палто, носи голема торба за пазар. Тој ита да ја пресретне.

Тој:     (И луто и радосно) Најпосле.

            Прегратка, долг бакнеж.

Тој:     Веќе почнав да губам надеж.

Таа:    И јас. Едвај се измолкнав.

Тој:     Зошто дишеш така?

Таа:    Па трчав. Немаме многу време. (Сака да го прегрне.)

Тој:     (Се оттргнува.) Ја заклучи вратата?

Таа:    Не. Не можам да се снајдам со тие брави.

Тој:     Чекај да заклучам. (Ја заклучува вратата, се враќа, сака да ја прегрне.)

Таа:    (Се оттргнува.) На скалите сретнав еден маж. Така ме одмери, ми се пресекоа нозете.

Тој:     (Загрижено.) Како изгледаше? Дедо, со бастун и сив костум?

Таа:    Не, млад, со џемпер.

Тој:     Те виде каде влегуваш?

Таа:    Не, се преправив дека се качувам нагоре.

Тој:     о олеснување.) Значи не е страшно. (Сака да ја прегрне.)

Таа:    (Се оттргнува.) Ми се причини дека ме позна.

Тој:     Како тоа?

Таа:    Маж ми, ми кажа дека во оваа населба живее негов колега.

Тој:     Во оваа населба живеат над педесет илјади луѓе.

Таа:    И сите можат да ме познаат.

Тој:     Си го видела ли ти тој негов колега?

Таа:    Да.

Тој:     Тој ли беше?

Таа:    Не.

Тој:     Тогаш зошто се вознемируваш?

Таа:    Но што ако бил некој друг негов колега? Кој ме познава, а јас него – не?

Тој:     Така може да се плашиш од секој маж и од секоја жена.

Таа:    Па да, се плашам.

Тој:     Најпосле не е злосторство да се качуваш сама по скали.

Таа:    Лесно ти е тебе.

Тој:     Можеш да кажеш, дека си била кај шивачката.

Таа:    Добро, де, ќе се снајдам некако.

Тој:     (Ја повлекува кон себе.) Се смири?

Долг бакнеж.

Таа:    (Се оттргнува.) Ама како може тоа?

Тој:     Кое?

Таа:    Не си ја спуштил завесата!

Тој:     Па што?

Таа:    Стоиме до прозорецот!

Тој:     Прозорецот гледа кон задниот двор. Освен тоа, на шести кат сме.

Таа:    Сеедно. Имам чувство дека нѐ гледаат од секаде.

           

Тој ги спушта ролетните.

Тој:     (Ја прегрнува.) Те мачи нешто друго?

Таа:    Не.

Тој:     (Се оттргнува.) Ќе го соблечеш ли најпосле палтото?

Таа:    Не, срце. Наминав на минута.

Тој:     Зошто на минута? Немаме цел саат?

Таа:    Се сменија околностите.

Тој:     Пак? Колку ја чекав оваа средба.

Таа:    И јас.

            Тој ја прегрнува. Таа возвраќа на прегратката, но одеднаш го оттурнува исплашено.

Таа:    Купи месо?

Тој:     Купив.

Таа:    А млеко?

Тој:     Да.

Таа:    (Воздивнува со олеснување.) Се исплашив да не си заборавил.

Тој:     Не, не сум заборавил. Да ги ставиме во торбата, да не ги заборавиме подоцна. (Вади месо и млеко од фрижидерот.)

Таа:    Колку е месото?

            Тој прави неодреден гест.

Таа:    Треба да знам, зашто свекрвата може да праша.

Тој:     Ете ја сметката.

Таа му дава пари, тој ѝ враќа кусур.

Таа:    Благодарам. (Ги става намирниците во торбата.)

Тој:     И навистина нема да го соблечеш палтото?

Таа:    Не вреди, мил, само минута.

Тој:     Кога треба да си одиш?

Таа:    Ајде да пресметаме заедно. Ако претпоставиме дека ми требало половина час за месото и петнаесет минути за млекото, излегува четириесет и пет минути. Кога ќе го одземеме патот до тука и обратноне останува ништо.

Тој:     Не разбирам зошто брзаш толку.

Таа:    Треба да готвам.

Тој:     Не готви свекрвата?

Таа:    Сега веќе – јас.

Тој:     Зошто?

Таа:    За да не се чувствува запоставен маж ми.

Тој:     Јас мислев си зела пауза да се сретнеме, а не да готвиш ручек за маж ти.

Таа:    И јас мислев така, но не можам на подолго време да избегам од свекрвата. Таа е ужасно сомничава.

Тој:     А маж ти?

Таа:    И маж ми, исто. Вчера, кога ја зедов торбата за пазар, ме погледна сомничаво, се насмевна и праша:Одиш во продавница?” Ќе ми излеташе срцето.

Тој:     А каде всушност беше тргнала?

Таа:    Во продавница. (Ја зема торбата.) Добро, да одам јас.

Тој:     Подобро да си му рекла дека ќе зготвиш вечера.

Таа:    Вечерва ќе одам со него на натпревар.

Тој:     На натпревар? Зошто?

Таа:    За да не се посомнева за нешто.

Тој:     Подобро оди на гости кај некоја пријателка.

Таа:    Јас веќе не одам на гости.

Тој:     Зошто?

Таа:    За да не се посомнева во нешто. Во принцип, се трудам да му угодам.

Тој:     (Не гледајќи ја.) И како му угодуваш?

Таа:    Ти да не си љубоморен?

Тој:     Не. Но ми се смачи да зборувам за маж ти.

Таа:    Предложи друга тема.

Тој:     На пример?

Таа:    Порано си зборувавме за музика, за поезија...

Тој:     Ќе заборавев, ти купив стихозбирка. Повели. (Ѝ подава книга.)

Таа:    О-о, благодарам! (По кратко двоумење ја враќа книгата.) Не, не можам. Ќе праша од каде сум ја зела.

Тој:     Ќе кажеш дека ти е подарок од некоја пријателка.

Таа:    И потоа, таа пријателка случајно да ме издаде.

Тој:     (Ја фрла книгата.) Ете, си позборувавме за поезија.

Таа:    Немој да се лутиш.

Тој:     Не се лутам. Но, воопшто не ми е убаво што не читаме ништо заедно, што не одиме никаде...

Таа:    Мислиш дека мене ми е убаво? (По пауза.) Знаеш што? Ајде да одиме на кино.

Тој:     Кога? И како?

Таа:    Многу едноставно. Ќе си купиме билети за иста проекција. Но ќе седнеме на различни места. Јассо маж ми, ти – со жена ти. И ќе си мислиме дека сме биле заедно на кино. Сакаш?

Тој:     Сакам.

Таа:    Прегрни ме.

Тој:     Првин соблечи го палтото.

Таа:    Дојдов само на минутка.

Тој:     Не сакам да те прегрнувам само на минутка. Не избегав од работа за тоа.

Таа:    (Ѝ паѓа на ум некаква идеја.) Слушај, имаш марула?

Тој:     (Зачуден.) Марула? Не знам. Имам зелка.

Таа:    Ако ми ја дадеш, ќе кажам дека сум била на пазар. Тогаш ќе имаме уште најмалку петнаесет минути. Добро ми текна, нели?

Тој:     Просто фантастично! (Донесува од кујната зелка, ѝ ја подава, но потоа се замислува.) Не, не можам да ти ја дадам.

Таа:    Зошто?

Тој:     Што ќе ѝ кажам на жена ми? Не сум дома, а зелката - исчезнала. (Ја враќа зелката.)

Таа:    (Размислува.) Тогаш, види вака. Ќе ѝ кажам на свекрвата дека сум наминала во книжарница и сум ја купила оваа стихозбирка. И – ете ти ги петнаесетте минути.

Тој:     (Лицето му се озарува, тој ја прегрнува.) Така може.

Таа:    (Го прегрнува и шепоти.) Тино, мил...

Тој:     Јас не сум Тино, туку Тони.

Таа:    Знам. Но подобро да те викам Тино.

Тој:     Зошто?

Таа:    Умирам од страв да не ми се испушти, па на маж ми да му речам Тони. Крај!

Тој:     Да, навистина.

Таа:    А ако си Тино и ти, нема опасност да се збунам. Не ти пречи, нели?

Тој:     (Неволно.) Штом мора така...

Таа:    Ти благодарам, Тони.

Тој:     (Нагласено.) Тино.

Таа:    Ах, да, Тино. Не се лутиш, нели?

Тој:     (Суво.) Не.

Таа:    Тогаш прегрни ме посилно. (Шепоти со затворени очи.) Тино, Тино, Тину нину...

Тој:     Кој сум сега тој или јас?

Таа:    (Ги отвора очите.) Се разбира, ти. Само се навикнувам на твоето ново име.

Тој:     Не ми стои некако.

Таа:    Не биди љубоморен. Најважно е што ми е многу убаво.

Тој:     Но мене воопшто не ми е убаво.

Таа:    Зошто?

Тој:     Затоа што сакам да те прегрнам тебе, а не твоето палто.

Таа:    Зошто не ми кажа порано? Сосема заборавив. (Го соблекува палтото.)

Тој:     (Ја прегрнува.) Гледаш, тоа е нешто друго.

Таа:    (Страсно.) Тино, љубов моја! Мил мој!

Тој:     Потивко, ќе слушнат на долниот кат.

Таа:    Добро, ќе шепотам. (Едвај чујно.) Ме сакаш ли?

Тој:     Што?

Таа:    Прашувамме сакаш ли?

Тој:     Те сакам.

            Едвај почнатите прегратки ги прекинува ѕвонење на телефонот.

Таа:    Ох, Господи!

            Повторно ѕвони.

Тој:     Кој е сега!

Телефонот продолжува да ѕвони.

Тој:     Што мислиш, да се јавам?

Таа:    Немој. Што ако е жена ти?

Тој:     Ги замолив колегите да ме предупредат доколку шефот забележи. (Нерешително посегнува по телефонот.)

Таа:    А што ако е таа?

            Двајцата гледаат во телефонот како хипнотизирани. Телефонот престанува да ѕвони.

Тој:     Изгледа толку беше.

Таа:    Фала Богу. (Се припива до него.)

Тој:     (Не обрнувајќи ѝ внимание.) Ова не беше жена ми.

Таа:    Мислиш?

Тој:     Таа не знае дека сум дома.

Таа:    Можеби првин се јавила на работа?

Тој:     Ќе ѝ кажат дека сум излегол на кратко.

Таа:    (Го прегрнува.) Не мисли повеќе за тоа.

Тој:     (Загрижено.) Кој ли би можел да биде?

Таа:    (Нетрпеливо.) Ајде, прегрни ме!

Тој:     Почекај малку. (Врти на телефон.) Миле. Јас сум. Ме бараше некој? Ти ми ѕвонеше сега? Добро, ајде пријатно! (Гледа дека таа се облекува.) Каде си тргнала ти?

Таа:    Време е да си одам, срце.

Тој:     Почекај барем уште две минути.

Таа:    Не можам.

Тој:     Не се ни договоривме за следниот пат.

Таа:    Утре не можам, задутреисто.

Тој:     А во четврток, после работа?

Таа:    (Го вади нотесот.) Во четврток имаме состанок. Не знам кога ќе заврши. Сакаш во петок?

Тој:     Во петок јас не можам. На гости сме со жена ми. (Го вади нотесот.) Најдобро во недела.

Таа:    Не излегувам веќе во викенди.

Тој:     За да не забележи нешто маж ти?

Таа:    Не ми е до смеа.

Тој:     И мене.

Таа:    А следната недела?

Тој:     (Гледа во нотесот.) Тешко. Ќе работам вечерна смена.

Таа:    Колку дена?

Тој:     До петти.

Таа:    Од петти до десетти сум на семинар.

Тој:     На дванаесетти одиме на одмор со жена ми.

Таа:    До кога?

Тој:     До крајот на месецот.

Таа:    Потоа пак ќе работиш навечер?

Тој:     Сигурно. (Се загледува во нотесот.) Да пробаме да се видиме на единаесетти?

Таа:    Дури за тогаш не можам да ветам ништо.

Тој:     Друг ден едноставно нема. А што ако се сретнеме некаде на половина час?

Таа:    Каде?

Тој:     Најдобро во аптеката.

Таа:    Таму секогаш е врволица од луѓе.

Тој:     Тогаш во библиотеката.

Таа:    Таму, пак, е многу празно. Ќе привлечеме внимание.

Тој:     Тогаш – во паркот?

Таа:    Многу е далеку, а времето ни е кратко. Плус, ќе смрзнеме.

Тој:     Тогаш едноставно да седнеме во некој автобус и да ја пропатуваме целата релација?

Таа:    И да нѐ види целиот град, нели?

Тој:     Ти што предлагаш?

Таа:    (Откако помислува.) Добро, ајде во автобус. Но нема да ми правиш муабет, нема да седиш до мене и нема да ме гледаш.

Тој:     Значи се договоривме.

Таа:    (Запишува) Значи на единаесетти, во дванаесет, во автобусот број тринаесет.

Тој:     (И тој посегнува да запише, но се сепнува.) Чекај! Не можам на единаесетти!

Таа:    Нели предложи самиот?

Тој:     Заборавив дека е роденден на жена ми.

Таа:    Зарем не го славевте претходниот месец?

Тој:     Не нејзиниот, на детето.

Таа:    Секоја недела имате семејни прослави.

Тој:     Што да правам?

Таа:    Не можеш ли да најдеш причина да излезеш барем на половина час?

Тој.     (Мисли.) Знаеш да потстрижуваш?

Таа:    Не.

Тој:     Штета. Можев да кажам дека одам да се потстрижам.

Таа:    Дури и да знаев, каде ќе седневме да те потстрижам. Во паркот? Или во автобусот?

Тој:     Немој да се лутиш.

Таа:    Не се лутам.

Тој:     Подобро да ти се јавам.

Таа:    И сам знаеш дека не можеш да ми се јавуваш?

Тој:     Ќе ти се јавам на работа.

Таа:    Ти си луд. Знаеш колку луѓе делиме еден телефон?! Целата канцеларија ќе дознае дека ме барал маж.

Тој:     Па што?

Таа:    Ќе ме издадат.

Тој:     Од каде знаеш?

Таа:    Ти не ги познаваш луѓето.

Тој:     Ако сакаш, ќе се јавам со женски глас.

Таа:    Знаеш, Тони...

Тој:     Тино.

Таа:    Така е, Тино. Тино. Гледаш колку е лесно да се испушти човек.

Тој:     Што сакаше да кажеш?

Таа:    Дека нема да можеш да зборуваш со женски глас.

Тој:     Доколку е потребно, ќе можам. о преправен глас.) Добар ден, ќе може ли да се јави на телефон...о нормален глас.) А, како беше?

Таа:    (Воздивнува.) Подобро јас да ти се јавам на работа. Навистина, не ми е лесно да се јавувам, но...

Тој:     Тешко ќе ме потрефиш на работа.

Таа:    Но можат да ти кажат дека сум те барала.

Тој:     Ќе ми кажат. Но подобро да биде нешто службено.

Таа:    Добро, ќе биде службено. И за секој случај ќе го поместиме времето за еден ден и два часа.

Тој:     Како тоа?

Таа:    Па ако кажам, на пример: „Пренесете му дека состанокот е утре во три“, тоа всушност значи дека ќе се сретнеме задутре во пет.

Тој:     (Крајно се збркува.) Утре во пет... задутре во три...(Гледа во часовникот.) Извини, морам да се вратам на работа.

Таа:    Но, уште не се договоривме.

Тој:     Тогаш за секој случај ќе им се јавам. (Бира број. Со женски глас.) Повикајте го, ако сакате, Миле... Миле? Што се случува, сѐ е во ред? Не ме познаваш? Јас сум, Тино. (Се досетува, почнува да зборува со нормален глас.) Ах, по ѓаволите... Не Тино, туку Тони! Тони! Не, не сум пијан. Ќе ти кажам подоцна. Што?! Забележал? сплашено.) Одамна? Збесна? Пцуеше? Доаѓам веднаш. (Го остава телефонот.) Само уште ова фалеше.

Таа:    Што се случило?

Тој:     Се заканил дека ќе ме отпушти зашто сум избегал од работа.

Таа:    Ќе се извлечеш некако.

Тој:     Лесно ти е тебе.

Таа:    Не паничи.

Тој:     Шефот одамна само гледа да ме поткачи за нешто.

Таа:    Добро, јас бегам.

Тој:     Ќе излеземе заедно.

Таа:    Не можеме заедно. Ќе нѐ видат.

Тој:     Вистина. Ајде првин ти.

Таа:    (Си ја зема торбата.) Бакни ме за разделба.

Тој:     (Ја бакнува набрзина.) До гледање.

Таа:    Не ни е лесно, нели?

Тој:     Но затоа, пак, не ни е здодевно.

Таа:    За мене, нашите средби се единствената радост во животот. А за тебе?

Тој:     (Брзо се подготвува за излегување.) И за мене.

Таа:    Ме сакаш ли?

Тој:     (Нетрпеливо.) Те сакам, те сакам. Тргај!

Ѕвони на влезната врата. Двајцата се вкочануваат од страв.

Таа:    (Со шепот.) Кој може да биде?

Тој:     Од каде да знам?

Таа:    Целата се тресам.

Тој:     Не се плаши. Ќе поѕвони, ќе поѕвони и ќе си замине.

Повторно ѕвони.

Таа:    Ќе се мрднам од умот.

Тој:     Тивко. (Во ужас.) Мислам дека некој се обидува да ја отклучи вратата. Слушаш?

Напната тишина.

Таа:    Погледни низ шпионката.

Тој оди на прсти до вратата, се враќа со преплашено лице.

            Кој е?

Тој:     (Очајно.) Жена ми.

Таа:    Сигурен си?

Тој:     Не знам... Темно е во влезот.

Таа:    Каков кошмар... сплашено.) Може ли да влезе?

Тој:     Не. Заклучив од внатре.

Ѕвони.

Таа:    Не можам да поднесам.

Тој:     Треба да почекаме малку. Можеби ќе замине.

Таа:    Јас не можам да чекам. Одамна требаше да сум дома.

Тој:     А јас – на работа.

Таа:    Маж ми ќе ме убие.

Тој:     Шефот ќе ме отпушти.

Таа:    Таа сега би требало да е на работа. Зошто е овде?

Тој:     Не знам. Можеби заборавила нешто.

Таа:    Од кога сакам да си тргнам, а ти сѐ „почекај“, па „почекај“. Еве ти сега!

Тој:     Јас тргнав да те испратам, но ти се размуабети.

Таа:    Како не ти е срам. Јас воопшто не сакав да доаѓамимав лошо претчувство.

Тој:     Мислиш дека ми е лесно да се искрадувам од работа, кога шефот во секој момент може да ме фати?! Си знаев јас...

Ѕвони.

Таа:    Треба да отвориме. На крајот на краиштата и двајцата сме со палта.

Тој:     Требаше да отвориме веднаш. Што ќе ѝ кажеме сега?

Таа:    Нема каде да се скриеме. Не одложувај повеќе.

Тој:     Не знам... Може ќе си замине?

Таа:    Разбери, не можам да чекам повеќе... Свекрвата сигурно веќе му ѕвони на маж ми...

Тој:     Пет години се мачам да ме назначат на оваа позиција и така идиотски да си ја прокоцкам шансата... Освен тоа...

Таа:    (Решително.) Отворај! На крајот на краиштата, маж ли си ти или не си?

Тој:     Маж сум. Но нема да отворам.

Таа:    Што толку ризикуваш. Нели рече дека и онака не сте во добри односи.

Тој:     И ти ми рече дека сте се оттуѓиле, а сега се тресеш како...

Таа:    Тоа е друго.

Тој:     И кај мене е друго. Како ќе ја погледнам во очи?

Таа:    А-а, значи те мачи совеста? Зарем не е малку доцна?

Тој:     Јас секогаш сум совесен. Не сум како тебе.

Таа:    Штом не можеш ти, јас ќе отворам. (Решително тргнува кон вратата.)

Тој:     (Ја запира.) Чекај!

Таа:    (Се оттрга од неговите раце.) Пушти ме!

Тој:     (Шепоти.) Тивко!

Таа:    Беден страшливец!

Тој:     Мене ми се руши цел живот, а таа се потресува од глупавата свекрва!

Таа:    А ти се потресуваш од една дртла, со која одамна требаше да бидеш разведен.

Тој:     Таа „дртла“ е пет години помлада од тебе и, ако сакаш да знаеш, сто пати поубава. Ти во споредба со неа си како... (не може да најде доволно навредливи зборови) Како рендан кашкавал.

Таа:    Тогаш зошто трчаш по мене?

Тој:     Прво – за разонода и второ – од глупост.

Таа:    Да знаеш колку те мразам!

Тој:     Не повеќе отколку јас тебе!

Пауза.

Таа:    Како да престана да ѕвони.

Тој:     Мислам дека слушнав чекори по скалите.

Таа:    Можеби си отишла. Погледни!

            Тој крадешкум оди до вратата и се враќа со озарено лице.

Тој:     Нема никој.

Таа:    Каква среќа! (Му се обесува на вратот.) Немој да ми се лутиш, мил.

Тој:     И ти мене.

Таа:    (Ја грабнува торбата.) Јас бегам.

Тој:     До гледање.

Таа:    Ќе се слушнеме и ќе се договориме понатаму.

Тој:     Добро.

Таа:    Отклучи.

            Тие брзаат кон излезот, но ги запира остро и упорно ѕвонење на влезната врата. Тие се скаменуваат. Во истото време почнува да ѕвони и телефонот. Тие се збунети и очајни, се гледаат еден во друг.


 

3. ТАКВИ МИ ТИ РАБОТИ  

Обична кујна во обичен стан. Млада жена ја подготвува масата за вечера. Ѕвони ѕвончето. Жената, без да брза, тргнува да отвори, па се враќа назад. После неа се појавува Маж.  Тој носи торби со зеленчуци, леб и други продукти.  

Тој:     Купив сѐ што порача.

Тaa:    (Го бакнува во образот.) Благодарам. Стави ја зелката во онаа посуда. Но, прво облечи си ги папучите - го бришев подот.

Тој ги остава торбите на подот, ги соблекува чевлите, ноншалантно ги навира стапалата во папучите, па почнува да ги распределува продуктите.

Тaa:    Сакаш веднаш да вечераме или прво ќе си дремнеш?

Тој:     (Ја бакнува.) Подобро да вечераме. Прегладнев.

Тaa:    Измиј си ги рацете.

Тој си го соблака сакото и вратоврската. Си ги мие рацете. Таа го сече лебот, става чинии на масата и сервира.  

            Готов си?

Тој:     Да.

Тaa:    Седи.

Ја зема крпата од неговите раце и ја закачува на своето место.

Тaa:    Како се чувствуваш? Подобро ли ти е?

Тој:     Не ми е подобро. Ама не ми е ни полошо.

Тaa:    Што има ново на работа?

Тој:     Исто, па исто.

Тaa:    (Му сервира.) Изгледа, не си расположен.

Тој:    Не, не е така.

Тaa:    Сакаш чаша вино?

Тој:     Може.

Тaa:    (Вади шише вино.) Дај ми отворач за вино.

Тој:     Каде е, на свое место?

Тaa:    Да.      

Тој го зема отварачот и се враќа.

Тој:     (Го отвора шишето.) А каде е твојата чаша?

Тaa:    Јас не сакам.

Тој:     Зошо?

Тaa:    Не ми се пие.

Тој:     Што ти е?

Тaa:    Ништо.

Тој:     Навистина?

Тaa:    (Се насмевнува.) Навистина, ништо не ми е.

Тој:     Тогаш сепак ќе ти сипам малку. (Зема уште една чаша и налева во неа вино.) За што наздравуваме?

Тaa:    Да ти биде убаво.

Тој:     Добро.

Тој отпива. Таа ја остава чашата на маса без да се напие. Тој со апетит почнува да јаде..

Тој:     Мх, мх, мојата омилена салата.

Тaa:    Знам. Ти се допаѓа?

Тој:     Уште како.

Тaa:    Многу се радувам. (Му налива вино.)

Тој:     (Ја крева чашата.) А сега да пиеме да ти биде убаво и на тебе.

Тaa:    Ајде.

Тој пие. Таа ја остава чашата недопрена.

Тaa:    Да го сервирам јадењето?

Тој:     Ставај. Што има ново кај тебе?      

Тaa:    Фустан.

Тој:     А така ли? Дури не забележав.

Тaa:    Знаев дека нема да забележиш.

Тој:     Дај, стани да видам. Заврти се. Прекрасен фустан! Честито. Тоа, се разбира, е најважната новост.

Тaa:    Има и уште една. Ќе имаме дете.

Тој:     А, така ли? Тоа, се разбира, исто е важно. (Престанува да џвака.) Чекај... Што рече?

Тaa:    Не ме слушна?

Тој:     Ќе имаме дете?

Тaa:    Да.

Тој:     Наистина?

Тaa:    Наистина.

Тој:     (Целиот сјае.) Па тоа е прекрасно! (Скокнува од столчето, ја грабнува па двајцата се вртат низ собата.)

Тaa: (Се смее.) Пушти ме!

Тој:     За ништо на светот.

Тaa:    Ти полуде ли? Биди внимателен!

Тој:     (Застанува и ја пушта на подот.) Извини. Заборавив дека сега треба да бидам повнимателен.

Тaa:    Не заради мене, заради фустанот. За сега мене нема потреба да ме штедиш.

Тој:     Беше ли на лекар?

Тaa:    Сеуште не.

Тој:     Ама сигурна си, нели? Да не си грешка?

Тaa:    Не. Ти се радуваш ли?

Тој:     Се разбира! А ти?

Тaa:    Седни и јади. Ќе се олади.

Тој:     За ваков повод, навистина треба да се пивне. (Налива вино.)

Тaa:    Ти пивни.

Тој:     Не, заедно.

Тaa:    Не е паметно сега да пијам.

Тој:     А-а, навистина... Тогаш и јас нема да пијам. (Ја остава чашата.) Ти сакаш машко или женско?

Тaa:    А ти?

Тој:     Строго - машко. Нели знаеш дека сакам син. Страшно сакам да имам син!

Тaa:    Штом сакаш машко, значи е машко.

Тој:     И да личи на мене.

Тaa:    Машките деца обично личат на мајките.

Тој:     Знам. Но, ти сепак прашај.

Тaa:    Добро. Навистина ли се радуваш?

Тој:     Пукам од среќа. Толку многу ги сакам децата.

Тaa:    Знам.

Тој:     Само кога ќе си помислам дека на овој свет ќе се појави уште една честичка од мене... многу е убаво.

Тaa:    Да, убаво е.

Тој:     Цел живот сакав да имам дете од жената што ја сакам.

Тaa:    (Се насмевнува.) Тогаш желбата нема да ти се оствари скоро.

Тој:     Зошто?

Тaa:    Затоа што прво треба да се вљубиш во некоја и второ да се прашаш дали ќе се разведете за девет месеци.  

Тој:     Тоа е прекор или?

Тaa:    Не, се шегувам.

Пауза.

Тaa:    Сакаш кафе?

Тој:     Има ли?

Тaa:    Сега ќе направам. За тебе појако како секогаш, нели?

Тој:     Не, овој пат послабо. И без тоа нема да можам да заспијам.

Тaa:    Да не заборавиш да го испиеш лекарството. (Му подава кутија со апчиња.)

Таа праави кафе. Тој незабележително го погледнува часовникот.

Тaa:    Не е ли време да се прибереш дома?

Тој:     Уште не.

Тaa:    Ако е време, тргнувај. Не сакам да си имаш проблеми заради мене.

Тој:     Ја предупредив жена ми дека ќе задоцнам.

Тaa:    (Поставува пред него чаша.) Повели.

Тој:     Благодарам.

Тaa:    Ќе јадеш ли уште?

Тој:     Не.

Тaa:    Тогаш, да ја приберам масата.

Таа ја раскрева масата.

Тој:     Што планираш да правиш?

Тaa:    Во која смисла?

Тој:     Со детето.

Тaa:    Ништо. Ти  што сакаш да направам?

Тој:     Не, онака, само прашав.

Тaa:    Не се секирај. Тоа е мој проблем, не – твој..

Тој:     Работата не е во секирањето.

Тaa:    Мислев воопшто да не ти кажам.

Тој:     Сепак, тоа нема како да се скрие.

Тaa:    Уште месец-два воопшто немаше да забележиш.

Тој:     А после?

Тaa:    Никој не знае што ќе стане после.

Долга пауза.

Тaa:    Се замисли нешто?

Тој:     Ти не се замислуваш?

Тaa:    Јас одамна си го мислам.

Тој:     И што реши?

Тaa:    Да го соберам виното или да го оставам?

Тој:     Остави го, за сега.

Тaa:    Да ти донесам нешто? Бисквити, овошје?

Тој:     Благодарам, нема потреба. Всушност, дај ми. Или не, нема потреба. Не знам. Проклето сложено прашање.

Тaa:    Стана нешто мрачен.

Тој:     Така е.

Тaa:    Јас сум виновна. Извини, те молам.                      

Пауза.

Тој:     Тој знае ли?

Тaa:    Не.

Тој:     Кога ќе му кажеш?

Тaa:    Кога ќе се врати од службен пат, ќе почекам уште малку и ќе му кажам.

Тој:     Многу ме интересира како ќе реагира.

Тaa:    Не знам. Мислам, ќе се израдува..

Тој:     Нема да му стане чудно?

Тaa:    Ќе се погрижам да направам нешто после кое нема да му се чини чудно.

Тој:     Благодарам за информацијата. (Намршено си налева вино.)

Тaa:    Посакуваш да не правам ништо со него, нели?

Тој:     Јас ништо не посакувам. (Пие.) Само би можело да ме поштедиш од непотребни детали.

Тaa:    А ти би можел да не ме распрашуваш на таа тема.

Таа започнува да ги мие чиниите.

Тој:     Седни, одмори се. Јас ќе ги измијам.

Тaa:    Не е ништо. Тука има само три чинии.

Тој:     (Ја фаќа за рамената, се обидува да ја оттргне од мијалникот.) Остави, јас ќе ги исперам.

Тaa:     Ти подобро избриши ги лажиците и вилушките. (Му подава крпа.)

Тој:     Сега треба да јадеш повеќе овошје.

Тaa:    Зошто?

Тој:     Детето има потреба од витамини.

Тaa:    Рано е да мислиме за тоа.

Тој:     Зошто?

Тaa:    Малку ли нешта можат да се случат.

Тој:     Нели си решена да не превземаш ништо?

Тaa:    Сеуште ништо не сум решила.

Тој:     Каде стојат лажиците?

Тaa:    Остави ги, јас ќе ги ставам.

Тој:     А креветчето, каде ќе го сместите?

Тaa:    Сеуште не сум размислувала.

Тој:     Би било најдобро – меѓу шкафот и прозорецот.

Тaa:    Таму ќе му дува.

Тој:     Ама, затоа ќе му биде светло. Децата имаат потреба од сонце.

Тaa:    После ќе решаваме. Сеуште не се знае дали ќе живееме тука.

Пауза.

Тој:     Сакаш да се разведеш од него?

Тaa:    Ти да не сакаш вечно да живеам со него?

Тој:     Чашите да ги избришам или ќе ги оставиш да се цедат?

Тaa:    Избриши ги, но внимателно.

Тој:     Сама ќе ти биде многу тешко.

Тaa:    Благодарам за откровението.

Тој:     Зошто не можеш да разбереш? Не ми е лесно!

Тaa:    Не се секирај, немам намера да те разведувам.

Тој:     Секој сериозен чекор, прво треба убаво да се разгледа.

Тaa:    Јас повеќе не можам да живеам со него.

Тој:     И самата кажуваш дека тој не е толку лош човек.

Тaa:    Тој е прекрасен човек. Но, јас не го сакам.

Тој:     Па, и тоа се случува.

Тaa:    И што е уште пострашно – сакам друг.

Тој:     Както што човек може да се вљуби, така може и да се одљуби.

Тaa:    Тоа не важи за мене. Мислев, штом се врати да му кажам сѐ и да му предложам веднаш да се разведеме. Тој се враќа утре.  

Тој:     И што мислиш да му кажеш?

Пауза.

Тaa:    Не ти ја ставив инјекцијата.

Тој:     Денес не мора.

Тaa:    Зошто? Треба да ти го поткрепам нервниот систем.

Тој:     За сега не помага.

Тaa:    Препишани се триесет инјекции, ставивме само осумнаесет.

Тој:     Не верувам дека се ефикасни.

Тaa:    Штом се препишани, ќе ги направиме. Ако ништо друго, да ни е чиста совеста.

Тој:     Мислиш дека совеста ќе ми се успокои од инекциите?

Тaa:    Зошто, неспокоен си?

Тој:     Се разбира.

Тaa:    Зошто?

Тој:     Јас ти го уништувам животот.

Таа:    Глупости.

Тој:     Напротив, точно така е.

Тaa:    Не сум мала.

Тој:     Ако не бев јас, ќе имаше нормално семејство.

Тaa:    Не сакам нормално семејство.

Тој:     Ако не бев јас ќе беше заљубена.

Тaa:    Ајде да не мислиме што би било - кога би било.

Тој:     И што ќе му кажеш утре?

Тaa:    Сигурно ништо.

Тој:     Зошто?

Тaa:    Сега веќе не решавам само за себе си.

Тој:     Па, некои се разведуваат и со повеќе деца.

Тaa:    Изгледа забораваш колкава ми е платата.

Тој:     Тој ќе ти плаќа алиментација.

Тaa:    Ти сакаш да земам пари од него за твоето дете?

Тој:     Ивини, го кажав тоа без да размислам. Всушност... Ти сигурна ли си дека детето е од мене?           

Таа го погледнува со прекор.

Тој:     Извини, го кажав тоа без да размислам. Не се лути.

Тaa:    Подај ми ја, те молам, ампулата. Освен тоа, ние со бебето нема каде да живееме.

Тој:     Според мене, тој ќе постапи благородно и ќе ви го отстапи станот.

Тaa:    Треба да сум беспрекорна бесрамница за да го истерам.

Тој:     Разбирам.

Тaa:    На крајот на краиштата, работата не е ни во парите, ни во станот.

Тој:     А во што?

Тaa:    Детето има потреба од нормално семејство.

Тој:     Има деца што растат без татковци.

Тaa:    Јас самата израснав без татко.

Тој:     Ете, гледаш?

Тaa:    Токму затоа ќе се потрудам моето дете да си има татко.

Тој:     Со други зборови, решаваш да не се разведуваш?

Тaa:    А ти сакаш ли да се разведам?       

Пауза.

Тој:     Не знам што сакам.

Тaa:    А јас знам што сакам, ама каква полза има од тоа? (Го зема памукот и се подготвува да ја стави инекцијата.) Немаш ништо против што се советувам со тебе, нели? Просто немам со кого

Тој:     Се разбира.

Тaa:    Подај ми го, те молам, шишенцето.

Тој:     Така де, или иначе, треба да се превземе некакво решение.

Тaa:    Знам.

Тој:     Треба убаво да се обмислат сите варијанти. Всушност, ги нема многу на број.

Тaa:    Сѐ на сѐ - три.

Тој:     Очигледно, првата е да останеш и да живееш со него.

Таа:    Јас би сакала со тебе.

Тој:     Но, ти ја разбираш мојата комплицирана ситуација.

Тaa:    Искрено речено, воопшто не ја разбирам.

Тој:     Нели тоа веќе го дискутиравме?

Тaa:    Со други зборови, таа варијанта не е прифатлива за мене.

Тој:     Барем за сега.

Тaa:    Останува последната – да живеам сама. Гледаш, кога ги разгледуваме прашањата заедно, одговорите доаѓаат многу побрзо.

Тој:     Но, нели се разбравме, да живееш сама со детето, исто така - не може.

Тaa:    Има и четврта варијанта – воопшто да не живеам.

Тој:     Се шегуваш, се разбира..

Тaa:    Се разбира дека се шегувам.

Тој:     Во тој случај, подобро да немаш дете?

Тaa:    Тогаш?

Тој:     Тогаш изникнуваат три нови прашања.

Тaa:    Кои многу брзо се сведуваат на едно.

Тој:     Тогаш барем ќе бидеш слободна.

Тaa:    Ти навистина ли сакаш да сум слободна.

Тој:     Јас само сакам ти да бидеш среќна.

Тaa:    Сама?

            Пауза.

Тaa:    Како сте по дома?

Тој:     Лоша работа.

Тaa:    Како и обично?

Тој:     Полошо.

Тaa:    Таа се сомнева ли во нешто?

Тој:.    Претпоставувам. Но, тоа не е важно.

Тaa:    А што е важно?

Тој:     Тоа што ми е некако отуѓена. Последниве неколку месеци тоа ми стана јасно како ден.

Тaa:    И како ќе ја терате работата натаму?

Тој:     Не знам. Ми иде да вијам. (Си налева вино.) Такви ми ти работи.

Тaa:    (Го држи готовиот шприц.) Дај, ајде, да ти ги полечиме нервите.

Тој легнува, таа му ја става инекцијата.

Тaa:    Те заболе?

Тој:     Воопшто. Ти благодарам.

Тaa:    Полежи уште малку.

Тој:     Имаш лесна рака. Колку брзо се научи.

Тaa:    Не забравај да ги земеш апчињата.

Тој:     Зошто?

Тaa:    Утре нема да можеш да дојдеш, заборави ли?

Тој:     Да, точно. Ама инјекциите нема да ги земам. Кој ќе ми ги става? Сигурно нема да одам во поликлиниката.

Тaa:    Замоли ја жена ти.

Тој:     Таа не може.

Тaa:    Нека се научи.

Тој:     Таа не е должна да ми биде медицинска сестра.

Тaa:    Таа ти го кажа тоа?

Тој:     Да.

Тaa:    Може да станеш. (Ги прибира шприцот, памукот и ампулата.) Сепак, прибери си ги ампулите.

            Пауза.

Тој:     Колку брзо одлета овој месец.

Тaa:    Да.

Тој:     И сега сѐ почнува од почеток.

Тaa:    Да.

Тој:     Пак нема да има каде да се среќаваме.

Тaa:    Да.

Тој:     И пак никогаш нема да имаш време?

Тaa:    Да.

Тој:     И пак нема да можам да ти ѕвонам.

Тaa:    И јас – на тебе.

Тој:     Тој утре вечер ли си доаѓа?

Тaa:    Да.

Тој:     Значи утре вечер ќе бидете заедно?

Таа молчи.

Тој:     Искрено речено, се чувствувам уморен.

Тaa:    И јас исто.

Тој:     Се уморив да се среќаваме на кратко.

Тaa:    И јас.

Тој:     Ми се смачи да се штрекнувам од секој минувач.

Тaa:    И на мене.

Той.    Се уморив од тој двоен живот.

Тaa:    И јас.

Тој:     Одвратен сум си сам на себе.

Тaa:    Сакаш ли уште утре да го напуштам?

Пауза.

Тој:     Тоа треба да го решиш сама.

Тaa:    Се разбира дека ќе го решам сама. Ама, ти сакаш или не?

Тој:     Не знам.

Тaa:    Мили, кажи ми дека сакаш, тоа со ништо не те обрзува.

Тој:     Би се радувал да го кажам, но... Ќе го напуштиш и после?

Тaa:    Што и да се случи после, тебе не те засега.

Тој:     Не може да не ме засега. На крајот на краиштата, заради мене ќе останеш сама.

Тaa:    Не е убаво да мислиш така. Доаѓај кај мене еднаш неделно и тоа ќе ми биде доволно.

Тој:     Нема да ти е лесно.

Тaa:    Ќе ми биде многу добро. Ќе бидам само твоја.

Тој:     Ама јас нема да бидам твој.

Тaa:    Ако ти е многу еднаш неделно, доаѓај еднаш на десет дена. Или еднаш месечно. Како сакаш. Само да знам дека имаш потреба од мене.

Тој:     А детето?

Тaa:    Со него ќе ми биде полесно, како не разбираш?

Тој:     Но и потешко.

Тaa:    Само не се плаши дека сакам нешто од тебе.

Тој:     Ти имаш право да сакаш.

Тaa     Ајде да не зборуваме за права и должности. Подобро, кажи ми, имаш ли потреба од мене?

Тој:     Да. Имам потреба од тебе. (После пауза.) А можеби и не. Не знам.

Тaa:    Тоа требаше да го чујам.

Тој:     Не се навреди, нели?

Тaa:    Не.

Тој:     Не знам дали ме разбираш, ама нешто се прекрши во мене.

Тaa:    Знам.

Тој:     Сигурно ова меѓу нас не е исто како претходно.

Таа:    Знам.

Тој:     И при тоа, јас сум многу уморен.

Таа:    Тоа веќе ми го кажа.

Тој:     Порано многу сакав да бидам со тебе, ама ми беше жал да си го оставам семејството.

Тaa:    Знам.

Тој:     Сега за никого не ми е жал, ама веќе ништо не ми се сака.

Тaa:    Знам.

Тој:     Сепак, тоа семејство е веќе разрушено. И моето и твоето. Јас пред тебе сум многу виновен.

Тaa:    Ти просто ме отсака. За каква вина може да стане збор?

Тој:     Сеуште не сум те отсакал.

Тaa:    Штом велиш „сеуште”, значи нема да чекам долго.

Тој:     Можеби. Не знам. Сигурно не сум способен за вистинска љубов. Само за некаква полу-љубов. Прости ми.

Тaa:    За што? Ако некој е виновен, тогаш тоа сум јас самата. Се колебав, исчекував, лажев, се уништив  и себе и тебе и сѐ растурив.

Тој:     Не се самоказнувај.

Тaa:    За мене најважното нешто на овој свет си ти. Но чувствувам како те губам. По моја вина. Сега знам дека уште од самиот почеток требаше да пресечам и да живеам само за тебе. Да сум сама, да се гледам со тебе, макар и ретко, но само со тебе. И тогаш сѐ ќе беше поинаку.

Тој:     Можеби. Колко неубаво и тажно излезе...

Пауза. Тој си налива вино.

Тaa:    Извини. Пак почнав да ги разјаснувам нашите односи, а ти тоа не го сакаш. Не е ли време да си одиш?

Тој:     Одамна е време.

Тaa:    Сакаш да те испратам?

Тој:     Нема потреба, уморна си.

Тaa:    И без тоа, сега треба повеќе да се разодувам. Чекај да се облечам. (Се облекува пред огледалото.)

Тој:     Слушај, можеби сепак е подобро да не го раѓаш.

Тaa:    Мили, јас немам избор.

Тој:     Зошто?

Тaa:    Зошто немам.

Тој:     И сепак зошто?

Тaa:    Затоа што лекарите ми кажаа дека тоа ми е последна шанса да имам дете.

Тој:     Нели рече дека сеуште не си била на лекар?

Тaa:    Одамна го знам тоа.

Тој:     Значи ништо не можеш да направиш?

Тaa:    Не можам.

Тој:     Зошто се случи ова?

Тaa:    Ќе ми ги подадеш чевлите?

Тој:     Или е секогаш без да сакаш, случајно?

Тaa:    Не, не е случајно. Јас го посакував.

Тој:     Извини, но јас не те разбирам.

Тaa:    Подај ми ги чевлите, ако не ти е тешко.

Тој:     Ти сама влегуваш во ќор-сокак.

Тaa:    Знам.

Тој:     Штом знаеш, зошто го направи?

Тaa:    Ти навитина ли не разбираш?

Тој:     Не разбирам.

Тaa:    Најпосле чувствувам дека започнувам да те губам. Дури веќе те имам изгубено. После една недела, најмногу после месец дена, ќе се разделиме.

Тој:     Не гледам каква врска има едното со другото.

Тaa:    Па зашто не си жена – не гледаш.

Тој:     Барем тоа немам потреба да го оспорувам.

Тaa:    Нели разбираш?! Ти нема да бидеш повеќе со мене, а твоето дете ќе остане со мене засекогаш.

Тој:     Ти си луда.

Тaa:    Дури и да не те видам никогаш повеќе – ќе бидеме поврзани засекогаш.

Тој:     Ќе жалиш за тоа.

Тaa:    Никогаш.

Тој:     Ќе ти биде многу тешко.

Тaa:    Но затоа ќе има за кого и за што да живеам.

Тој:     Не знам што да ти кажам.

Тaa:    Нема потреба ништо да ми кажуваш.

Пауза. Тој ѝ ги подава обувките. Таа тргнува да ги облече, но повторно ги соблекува.

Тaa:    Знаеш што? Нема да дојдам. Веројатно навистина се уморив. Не ми се лутиш, нели?

Тој:     Не, се разбира.

Тaa:    Утре си доаѓа мажот ми... Слушај, требаше да ти кажам... (Запира.)

Тој:     Што требаше да ми кажеш?

Тaa:    Многу нешта. Но, сѐ едно, секако нема да успеам. Ме разбираш? За мене се има изгубено смисла, освен средбите со тебе. Сите препирки, кавги, глупости – ништо нема значење, единствено е важно што те имам тебе. Вчера си ја заборави ракавицата, а јас цел ден го поминав со нурнато лице во неа. Затоа што мирисаше на тебе...

Тој:     Колку си мила...

Тaa:    Утре тој си доаѓа... Единствено ми останува утехата дека ние со тебе ќе имаме син..

Той.    Јас повеќе не се радувам на тоа.

Тaa:    Зошто?

Тој:     Затоа што тој син нема да биде покрај мене. Можеби никогаш нема да го видам.

Тaa:    Можеби.

Тој:     Никогаш нема да го земам во раце, никогаш нема да ме прегрне... Тој никогаш нема да разбере за мене. Дури ќе носи туѓо име...

Тaa:    Подобро е така.

Тој:     Такви ми ти работи.

Тaa:    Сами сме си виновни.

Тој:     Да.

Тaa:    Време е да си одиш.

Тој си ја мести вратоврската и си го облекува палтото.

Тaa:    Изгледаш многу лошо.

Тој:     И ти исто. (Ја бакнува.) Да тргнам јас.

Тaa:    Ставај ги инјекциите редовно.

Тој:     Не дигај тешко. Пази се, во ред?

Тaa:    И да не ги забораваш апчињата.

Тој:     И поминувај подолго време на чист воздух.

Тaa:    Ајде, тргај.


 

4. НИЕ НИКОГАШ НЕ СЕ КАРАМЕ

Обичен стан во обична зграда. Жената пегла. Ѕвони ѕвончето. Жената му ја отвора вратата на Мажот.               

Мажот: (Ноншалантно) Здраво, душо. (Ја бакнува во образот.)

Жената: Здраво, душо.       

Мажот: Што  има ново?     

Жената: Ништо особено.   

Мажот: (На страна.) Ја исчистив пудрата, го измив парфемот, изгризав неколку зрна кафе – нема да примети дека сум пиел.  

Жената: (На страна.) Ја исчистил пудрата, го измил парфемот, изгризал две-три зрна кафе и си мисли дека нема ништо да приметам.  

Мажот: Децата заспаа?       

Жената: (Со благ укор.) Одамна.  

Мажот: (Смрштено.) Заглавив малку на работа...          

Жената: „Малку”?

Мажот: Днес ни се ували инспектор од Управата и... (На страна.) Зошто жените се вечно незадоволни?

Жената: (На страна) Нешто е зборлест денес.

Мажот:... И моравме итно да разјасниме некои прашања.

Жената: (На страна.) Колко стручно лаже.

Мажот: (На страна.) Добро е што имам спремена верзија. (На Жената.) Немаш претстава колку сум уморен.

Жената: Можам да претпоставам.  

Мажот: (На страна.) Не дека стварно не сум уморен.

Жената: Гладен си?

Мажот: Како волк. Што е вистина - пиевме по едно кафе...

Жената: Само кафе?

Мажот: Е, не само кафе... (На страна.) Изгледа се сомнева во нешто. Треба да ја сменам верзијата.

Жената: Можеби и само не сте пиеле.

Мажот: Да, се разбира. Ние нарачавме... каснавме... по нешто...

Жената: Кои „ние”?

Мажот: Нели ти кажав – инспекторот од Управата.

Жената: (На страна.) Лаже - око не му трепнува.  

Мажот: (На страна.) Целата фора е во тоа што таа е стварно инспектор од Управата. Стигна специјално за да поминеме неколку дена заедно.

Жената: Чим сте каснале нешто, зошто си гладен како волк?

Мажот: Така кажав?

Жената: Само што кажа.

Мажот: Не си ме разбрала. Или јас не сум се изразил како што треба. Уморен сум како волк.

Жената: Човек се уморува како куче. Ете, јас, на пример, се уморив како куче.

Мажот: А јас па – како волк.

Жената: (На страна.) Се гледа од километар дека нешто мати. Кога нема ништо за криење – одма седнува да јаде, не ме прави вака будала.

Се слушаат звуци од пијано. Мажот ја крева главата.

Мажот: (Погледнува нагоре.) Комшикава цело време свири?  

Жената: Цело време. Додека не се врати мажот ѝ.  Сакаш да јадеш или не?

Мъжът: Всушност, не. (На страна.) Со неа сме како ликови од виц - толку банален, што дури не е ни смешен.

Жената: Па, раскажувај.

Мъжът: Што?

Жената: Каде беше?

Мъжът: Колку пати да ти кажам – заглавив на работа, после отидовме на едно место...  

Жената: Каде поточно?

Мъжът: Што е битно?

Жената: Само сакам да ја знам вистината. (На страна.) А зошто ли ми е таа вистина? Едноставно не сакам да ја знам. Додека не знам ништо, нема потреба да правам избор. Додека не знам ништо – не се ни случило.  Што ќе ми е да знам каде бил, со кого бил, што ѝ кажал, што таа му кажала нему и како се имаат изебано?  Не, тој само пивнал по некоја со пријателите. Или пак, со тој инспекторот. Ништо страшно. Нема веќе ништо да прашувам. (Кон мажот) Каде рече дека беше?

Мажот: Не можам да те разберам. (На страна.) Тоа што, уствари, не можам да разберам е фактот дека јас, една почитувана и сериозна личност, секогаш морам да ја играм улогата на шут. Зошто треба постојано да објаснувам нешто, да измислувам нешто и да се оправдувам  за нешто?

Жената: Јас чекам.

Мажот: Што?

Жената: Чакам објаснување. (На страна.) Сепак не можам да се воздражам да не го испрашам. Ви се молам, сепак и јас имам самопочитување. Не сакам никој да ми се исмејува.  Нека не си мисли дека може така лесно да ме лаже... Или сите овие наивни објаснувања за самата себе се поважни од семејството и децата? А што ако одеднаш се реши и земе да ми ја плесне во фаца цела вистина, целата проклета вистина што не сакам да ја чујам?   

Мажот: (На страна.) А што ако земам да и ја плеснам цела вистина во фаца. Штом ја сакаш таа проклета вистина – еве ти ја, повели: Бев со некоја си и правевме... знаеш што. Толку ми е смачено од тебе, што не може да биде полошо. Точно така, морам да се залагам за моите права. Нека го знае своето место. Што сакам - тоа ќе правам. Нема каде да оди. Ќе ѝ кажам. (Се приближува до жената.) Праша каде бев? Застанавме некое време во ресторанот. Што друго очекуваш да слушнеш? (На страна, за себе) Каква пизда сум!

Жената: Добро, ајде да ја оставиме таа тема, те молам. (Повторно почнува да пегла погледнувајќи одвреме навреме кон Мажот. На страна.) Види го како си се смешка ... Сигурно си се присеќа како воделе љубов...  Уфф, сакам да го убијам. (Ја крева пеглата и како да е маѓепсана, ја вперува кон мажот.)

Мажот: (Тој навистина се смешка, но насмевката му е некако кисела. Настрана.) Се сеќавам ... Сигурно имав пет години - летувавме на село. Со децата од селото се пикнавме во една штала и тие скокаа во сеното од многу висока греда. Бев најмлад и се плашев да скокнам сам. Затоа се качував на гредата, стоев и чекав некој да ме турне ... (Неговата насмевка згаснува.) Очигледно сега го чекам истото - некој да ме турне.

Жената: (Се освестува, ја спушта пеглата и се повлекува од Мажот.) Со кого беше во ресторанот?

Мажот: (Настрана.) Пак почнува.

Жената: (Настрана.) Пак почнувам. Не можам да се воздржам. Можно ли е да сум толку глупава?  

Мажот: Со кого? (Настрана.) Од што ми е страв? Што ќе ми се тргне од животот со сѐ двете деца? Сега ќе удрам со тупаница по масата и ќе се развикам (Бесно вика) Сакаш да знаеш каде бев, а? Со жена! Во хотел! И не се каам ни за секунда, јасно ти е?! Ако пак почнеш да се зајадуваш, уште утре исчезнувам од тука. Исчезнувам и нема да ме видиш никогаш повеќе, разбра ли? (Кон жена си, търпеливо.) „Со кого, со кого?”... Нели ти кажав, со инспекторот од  Управата. Многу друштвен човек. Има нешто на телевизија?

Жената: Не знам. Зошто не го покани дома?

Мажот: Го поканив, ама не сакаше, многу е срамежлив.

Жената: Нешто не разбирам тука – ем друштвен, ем срамежлив... (Таа стои наспроти Мажот гледајќи го збунето, како да го гледа за прв пат. Настрана.) Што е тоа што ме тера да се закачам за овој човек? Љубов? Не е добро да се залажувам. Навика? Не, попрво би рекла – исконскиот женси страв да не останам сама. (Се враќа на пеглата.)  Пред слободата претпочиташ да си перачка, чистачка, впрегнат добиток, само и само да си со некого, да не си сама. Сама жена – звучи како некој скриен морбилитет, како стигма, сертификат за низок квалитет... (Кон Мажот.) Што човек е тој инспекторот? Порано не го спомнуваше, а сега доаѓа по два-три дена секоја недела.

Мажот: (Неволно.) Инспектор ко инспектор. (Настрана.) Зошто прашуваш, сакаш да знаеш колку е помлада или постара од тебе? Нема да добиеш ништо од сето тоа.

Жената: (Настрана.) Ме интересира што наоѓа во неа.

Мажот: (Настрана.) Таа не е ни подобра од тебе, ниту е попаметна, ниту е поубава. Нејзината единствена предност е што е нешто ново. Таа е како неодгатната тајна, сеуште неисцрпена до дното. Сеуште се нема наполнето до гуша со претензии и очекувања за мене, сеуште не е покриена со красти од навреди. Сакаме толку малку еден од друг - што е лесно да си го дадеме. Малку разонода, малку топлина ... Едноставно е, но без него не може...

Жената: А како се вика?

Мажот: Кој?

Жената: Инспекторот.

Мажот: Зошто толку те интересува? (Си го соблекува сакото и вратоврската.) Подобро направи чај.

Жената: Ајде, сега. (Настрана.) Го преплавувам со таква досада што утре ќе побегне кај неа, дури и ако нема намера да го стори тоа. (Кон мажот.) Дали ќе задоцниш повторно утре?

Мажот: Утре?... Не,  се надевам утре ќе се приберам на време. (Настрана.) Ќе се обидам да се видам со неа преку ден.

Жената: (Настрана.) Како се има научено да лаже! Како се има променето! Ама и јас се имам променето! Станав сува, отупена, досадна... (Се приближува до огледалото..) И колку имам, боже, остарено... А што ако навистина ме остави и отиде кај неа? Сѐ што создадовме заедно – семејството, домот, пријателите – сѐ ќе си отиде у курац.

Мажот: (Настрана.) Знам дека најмногу те плаши да не се оженам со неа. Но, тоа нема шанси да се случи, дури и да го посакувам. Една од причините е тоа што има сопруг и не сака да се разведе од него. Гледам колку свикнала на него иако одамна го има замразено. Едното не пречи на другото. (Си ги соблекува чевлите.)

Жената: (Настрана.) Кога би можела да разберам кога ја кажува вистината, а кога лаже...

Мажот: (Настрана.) Но, најважното е што јас немам никаква намера да се женам по втор пат. (Си ги натнува папушите.) Мажот е слободен ловец, бракот не е за мажи. (Удобно се растегнува на каучот.) Жените се создадени за семејно огниште, а мажите – да бидат слободни. И во тоа е целиот проблем.  Бракот ѝ противречи на нашата биолошка природа. Тоа е стара вистина, но секој сам стига до неа по свој пат. Сѐ треба да доживееш на свој грб. Цветот на јаболкото не се претвора во јаболко благодарение на совети и преданија. Јаболкото си созрева само. Сега дојде и мојот ред. Јас созреав.

Жената: (Настрана.) Не знам зошто, баш сега се присетив како ми изјави љубов. Не беше пролет, не пееја славејчиња, туку беше ладна јануарска ноќ, некаде надвор од градот. Одевме меѓу црните новогодишни елки по снежен пат кој се капеше во месечевата светлина... Ме држеше за рака и пелтечеше нешто без врска, се сопнуваше на секој збор ... Конечно замолче и одеднаш како стрела: „Те сакам“. Глупаво, старомодно и прекрасно ... Јас целата затреперив ... 

Пијаното од горниот кат нагло прекинува.

Мажот: (Фрла поглед нагоре.) Се изнасвири.

Жената: Мажот ѝ се прибра.

Мажот: (Настрана.) Да, конечно станав попаметен. Лошото е што стануваме паметни предоцна и сите грешки што можеше да се направат – веќе се направени.  Ги собрав сите атрибути на остареноста - ќелавост, невроза, автомобил, заебан црн дроб и, се разбира, семејна среќа. Нема враќање назад. (Кон жената, луто.) Зарем не те замолив да направиш чај?

Жената: Направив. (Настрана.) Колку често ми крешти без повод. Од каде ја собира таа злоба? И зашто така грубо мора да ми каже?

            На горниот кат се слуша звук од кршење садови.

Мажот: Што, пак се караат?

Жената: Претпоставувам. (Става на масата чаши и мезе.) Не си го довршивме разговорот.

Мажот: За што?

Жената: Па, почна да ми кажуваш како си ја помина вечерта

Мажот: (Настрана.) Да ѝ кажам, или да не ѝ кажам? Веќе решив дека нема од што да се плашам. Добро, навистина ќе има солзи и мрсули, прекори, што не ... И којзнае како ќе заврши.

Жената: (Налива чај. Настрана.) Време е да ја погледнам вистината во очи и да престанам да ја кријам главата во песок. Што сака нека прави. Впрочем, за мене тоа е прашање на навика и самодоверба, ништо повеќе. Ќе го преживеам и тоа.

Мажот: (Настрана.) Знам од што се плашам. Таа, се разбира, нема каде да оди, тоа е точно, но да бидам искрен, и јас немам каде да одам. А нашиот заеднички живот нема да стане ни малку посладок после моите признанија. Во моментов меѓу нас има само пукнатина, иако е прилично широчка.... но после тоа, ќе се отвори пропаст што нема ни да исчезне, ни ќе може да се прескочи...

Жената. (Настрана.) Кој знае, можеби ќе имам уште една шанса. Дури и да немам- сѐ едно. Морам да го задржам достоинството. Не смеам да заборавам дека сум жена. Морам да излезам од оваа дупка и да погледнам наоколу.

Мажот: (Настрана.) Да претпоставиме дека сѐ ќе ѝ признаам. Каква корист од тоа? Досега само јас доцнев од работа, туку гледаш и таа почнала да доцни... Скраја било. Па, на некој детски роденден некој цвикераш почнал да флерта со неа ... Тогаш што ќе правам?

Жената: (Настрана.) Ех, кога би знаела што ли си мисли во моментов...

Мажот: (Настрана.) Што ќе правам тогаш, а? На мене, всушност, не ми е грижа со кого таа ќе излага... Но, вистината нема да го направи нашиот семеен живот подобар. И покрај тоа, не е точно дека не ми е грижа!

Горе се слушаат стенкања и придушен плач. Мажот наслушува.

Мажот: Не разбирам што се случува горе. Да не ја тепа?

Жената: Не знам. (Кон мажот.) Зашто замолчи? (Настрана.) Сега ќе ми каже – нема за што да збориме.

Мажот: (Ги свива рамената.) А за што да збориме?

Жената: Како за што? Цел ден те немаше.

Мажот: (Настрана.) Цело време цели само во една и иста точка. Човек да си помисли дека се има загрижено за мене. (На Жената.) Човек да си помисли дека се загрижи за мене.  

Жената: (Настрана.) Секоја вечер се прашува што ли да збори со мене. (Кон Мажот.) Ти секоја вечер се прашуваш што да збориш со мене.

Мажот:  (Настрана.) Па, разговорите уште одамна ни изгубија смисла.

Жената:  (Настрана.) Дури не ни чувствува каење.

Мажот:  (Настрана.) Од приказни ништо нема да биде. Ете, денес ја изневерив, а што би се рекло, ни малку не чувствувам грижа на совеста. Ако некој човек замрзне дома – има право да се загрее на некое друго место. Има ли воопшто смисла да се гњавиме на таа тема? Јас ќе те прашам: зошто си толку ладна со мене? Зошто не си мила и ласкава со мене? А ти веднаш ќе отвориш толкава уста: Јас не сум мила со тебе! Јас сум премила, а ти повторно заборави да купиш сол, трчај во продавница!

Жената: (Настрана.) Вака постојано ќе молчиме?

Мажот: (Настрана.) Што ако еднаш се обидеме да зборуваме како луѓе? Не можеме да продолжиме вака засекогаш ... (Нон Жената.) Види вака...

Жената: (Трепери.) Како?

Мажот: (После кратко молчење.) Не, ништо. (Зема весник.)

Жената: (Настрана, со горчина.) Толку малку ми треба – два-три  нежни збора, трошка внимание, капка искреност... а тој ништо.  (Брзо се фрла кон Маот и му ги тресе рамениците. Мислите сеуште звучат како настрана.) Ме слушаш ли? (Вика.) Зошто си толку туѓ?

Мажот: (Го остава весникот.) Пак ништо интересно. Вестите станаа кошмарно досадни. Само нѐ плашат и ни го рушат расположението... Ти сакаше да ми кажеш нешто?

Жената: Да. Добро што ме потсети: во секој момент треба да ни дојдат гости.

Мажот: Кои гости?

Жената: Комшиите од горе.

Мажот: (Погледнува нагоре, потоа го погледнува часовникот и клима со главата.) Толку доцна? Зошто?

Жената: Онака. Велат, кај  нас им било пријатно.

Мажот: (Се крева со воздишка и си ја мести вратоврската.) Тие уште ли се караат нон-стоп?

Жената: Да, постојано. (Ги собира алитата и се потсредува.)

Мажот: А јас и ти скоро никогаш не се караме.

Женат: Да, ние никогаш не се караме. (Става на масата вино и вазна со цвеќиња.)

Ѕвони ѕвончето. Мажот ја гушка жената преку рамената. На нивните лица цвета весела насмевка.

Мажот: (Весело.) Влезте, отворено е.


 

5. СЕМЕЈНИ СЦЕНИ

Обичен стан во обична зграда. Мажот и жената туку што пиеле чај, па Мажот после долго колебање решава да започне тежок разговор.

           

Мажот: Види драга, одамна сакам да поразговарам со тебе за нешто многу важно. Станува збор за едно решение што го донесов, но истото нѐ засега и двајцата. Одамна го одложувам овој разговор, но повеќе не можам да молчам. Ти сигурно сфаќаш на што мислам, па верувам дека нема да бидеш изненадена... И подобро, затоа што нема да биде непријатно изненадување. Со еден збор... Зошто замолчи?

Жената:  Те слушам, драги.

Мажот:  Така... Ние никогаш не сме биле идеално семејство, но во последно време брачните синџири стануваат вистинска тортура. Би можел да кажам дека конечно се уверив во тоа бидејќи сретнав една особа чии ставови за животот... Со еден збор... Цела вечер само јас ќе зборам или ќе кажеш нешто?

Жената: Не се лути, драги. Те слушам.

Мажот: Така... За што зборувавме?

Жената: За особата чии ставови за животот...

Мажот: А, да... И така, сретнав особа чии ставови за животот се совпаѓаат со моите. И не е само тоа. Истата, горенаведена особа може да ја погоди секоја моја желба уште пред да сум ја замислил.

Жената: Некој од твоите подредени?

Мажот: Не! Што имаат врска моите  подредени?

Жената: Па, просто си помислив, ако таа особа одговара на твоите желби...

Мажот:  Те молам не ме прекинувај!

Жената:  Извини, само си помислив...

Мажот:  Ќе замолчиш ли некогаш?!

Жената:  Нели ти сам сакаше и јас да кажам нешто?

Мажот:  Те молам – замолчи!

Жената:  Добро, драги.

Мажот: По ѓаволите... За што зборував?

Жената: „Уште пред да сум ја помислил”.

Мажот: Што да сум помислил?

Жената: Па, нешто.

Мажот: Какво нешто, какви се тие глупости.

Жената: Желбите.

Мажот: А, да... Вака значи, драга, слушај ме смирено. Дојде времето кога треба да го превземеме одлучувачкиот чекор кој...  На крајот на краиштата, ќе биде подобро за двајцата. Се надевам дека ќе се соочиш со овој удар цврсто и маженствено. Јас дојдов до заклучокот... Со други зборови, дојдов до заклучок... Дека ние...

Жената: Што, драги?

Мажот: Дека ние... ние треба да се разделиме.

Жената: Добро, драги.

Мажот: Како добро?

Жената: Како ќе кажеш. Ти секогаш најдобро знаеш што треба да се прави. Не залудно се гордеам со тебе.

Мажот: Чекај, веројатно не разбра за што станува збор.

Жената: Си стигнал до заклучокот дека треба да се разделиме. Што има тука за неразбирање?

Мажот: И ти... што мислиш по тоа прашање?

Жената: Ти самиот знаеш дека од првиот ден на нашиот семеен живот јас те слушам за сѐ.

Мажот: Значи, немаш ништо против?

Жената: Немам, се разбира. Да ти помогнам да си ги спакуваш куферите?

Мажот: Куферите... Колку спокојно го кажа тоа! Очекував сѐ друго, само ова не. Ни малку не си огорчена од фактот што ќе се разделиме?

Жената: Не, драги. Зошто треба да се огорчувам? Ти нели кажа – така ќе биде подобро за двајцата.

Мажот: Ех, малку ли работи кажува човек! Или ти немаш сопствено мислење?       

Жената: Не, драги. Нели знаеш дека на сѐ гледам со твоите очи. (Вади кууфер и почнува да ги пакува алиштата на мажот.)       

Мажот: Што правиш?

Жената: Ќе земеш сѐ одеднаш или само најнеопходното? Останатите нешта можам да ти ги испратам.

Мажот: Чекај, јас немам намера да одам никаде! Барем не денес.

Жената: Како сакаш, драги. Ако треба, јас ќе се отселам од тука. (Седнува, ја разгледува собата и тивко се засмејува.)

Мажот: Зошто се смееш?

Жената: И јас како тебе, тукушто се вратив од работа. Кога влезе, баш тогаш си правев список за работите што треба да ги завршам по дома. Еден куп работа. А сега одеднаш разбирам дека сум слободна. Разбираш – слободна!

Мажот: Сакаш да кажеш дека сум ти бил голем товар.

Жената: Не, но јас имав чувство на должност. Имав обврски. А сега сум слободна. Многу необично чувство. Што не отидов во театар? Ако тргнам веднаш, можеби ќе ја фатам претставата.

Мажот: Зошто во театар?

Жената: А што да правам, да стојам тука и да плачам? Тоа ми го предлагаш?

Мажот: Не, се разбира – не, но... Како ти текна одеднаш – баш театар?          

Жената: Во право си, не е баш најпаметно. (Од кууферот ги вади алиштата на мажот и одново го полни со другии алишта)

Мажот: А сега што правиш?

Жената: Си ги собирам алиштата.

Мажот: Сакаш да си одиш?

Жената: А што друго ми преостанува?

Мажот: И каде ќе одиш?

Жената: Прво кај некоја пријателка, а потоа ќе си најдам некој стан. Кажи ѝ на новата жена дека може веднаш да се всели.

Мажот: На новата жена? А, да...

Жената: Може ли да ѝ оставам една белешка?

Мажот: Само уште тоа фали. Некакви глупости од типот: Гадна кучко, зошто ми го украде мажот...

Жената: Како можеш да го помислиш тоа? Само сакам да ѝ го предадам домаќинството. Сепак домашната работа си има специфични суптилности, што би рекол ти.

Мажот: Кажи ми на мене, што треба?

Жената: Во ред, драги. Само погрижи се да запамтиш сѐ. Прво, нека ти го заврши џемперот. Веќе го сплетов целиот, остана само еден ракав. Ако не ја разбира плетката, нека ме побара слободно. Сметките за кирија, телефон, струја и другите даноци се во десната фиока од работната маса.  Секогаш ги плаќам на почетокот на месецот, кажи ѝ да не заборава. Кога пушта машина со долна облека, нека ги одделува твоите виолетови гаќи... знаеш, оние со кариран дезен... – и треба да ги закрпи позади кај етикетата. Нема да биде лошо да ги подзамие прозорите – во сабота имате гости – пак оној твојот мутав началник. Не заборавај дека тој сака јагнешки котлети, но се надевам, таа знае да избира точно месо. Ах, да... драги, ти и така не ми купи убави кујнски ножеви, а те молев одамна. Сигурно нема да дозволиш да лупи компир или да сецка зелка со тие тупи ножеви, нели? Ако сеуште не знае каде да го фрли ѓубрето, покажи ѝ ...

Мажот: Боже мој, ѓубрето!

Жената: За кратко таа самата ќе се ориентира, што-како ќе прави. Добра домаќинка е?

Мажот: Не знам, не сме збореле за тоа... Ама зошто толку брзаш да заминеш? Јас не   те бркам.   

Жената: Не, драги. После тоа што ми го кажа, би било неморално да останам тука подолго. Нели е така? (Го затвора куферот, седнува и се замислува) Колку чудно...

Мажот: Што е чудно?

Жената: Веќе имам четириесет и три години, а во животот сум имала само еден маж.

Мажот: Не разбирам на што мислиш.

Жената: Само си помислив дека сега можам да имам и други мажи. Нели е чудно?

Мажот: Таа мисла те радува?

Жената: Не, драги, не. Но, не сакам да лажам дека не сум љубопитна. Сигурно тоа не е многу убаво, прости ми. (Си го зема куферот и тргнува кон излезот.)

Мажот: Ама ти навистина си заминуваш? Чекај! Не може така одеднаш...

Жената: Зарем ја немаше разгледано и оваа можност?

Мажот:  Се разбира, ја разгледав, но...

Жената:  Вечерва е свежо. Не заборавај да ги испиеш апчињата и да ги исполираш чевлите изутрина.

Мажот:  Уште еднаш ти кажувам – немој да брзаш. Што мора толку брзо?

Жената:  Бакни ме за збогум.        

Се бакнуваат.

Мажот:  Сакам да ти кажам дека те...       

Жената: Земи ги клучевите. Збогум. (Излегува)

Мажот збунето чекори низ празниот стан. Ѕвони телефонот. Мажот ја крева слушалката.            

Мажот:  Ало! А, ти ли си. Здраво! Не, ништо не случило. Не, не, сам сум. Да, зборував со неа и категорично одбива да ми даде развод... Очаен сум. Ќе ти раскажувам кога ќе се видиме.  Не, се разбира не денес. За денес нема шанси. Утре сум исто зафатен. Оваа недела имам многу работа. Ајде, после десетина дена. Да. После две недели. Или после три. Нели ти кажав дека сум многу зафатен. На крај краева, нели имам право понекогаш и јас да си вршам работата? Не јас – ти ми го повишуваш тонот. Како сакаш. Догледањеее. (Ја фрла слушалката.)

 

КРАЈ